Тој по средбата ги изрази своите незадоволства од оваа власт преку свој Фејсбукт статус во кој вели дека Заев не се срами од најнеспособната влада.
-Бев во Куманово, градот во кој силно се чувствува матрицата на Заевизмот, силно угушен и потонат во проблеми за кои власта не нуди решенија. Во земјава не владее правната држава, се гази достоинството на луѓето.
Заев наместо да се срами поради најнеспособната влада и неисполнувањето на основната улога поради кои ја водат државата, тој ја понуди својата копија Пендаровски, кој е вториот Заев. Ако Заев тргуваше со промена на име, идентитет, можеме само да замислиме на што се е спремен Пендаровски.
И треба да се има во предвид дека поддршката за Пендаровски е поддршка за сменето име и идентитет, поддршка за принципот на работа евро за вицето евро за црквата, за поткуп по канцеларии и на криминални тендери.
Македонија треба да престане да губи, изборите се таа шанса. Доаѓа крајот на ваквата купи ден политика ќе биде поразена.
Време е за Претседателка на државата која ќе води, која ќе носи одлуки согласно законите, и која ќе ги штити интересите на нацијата.
Време е да се даде шанса на Гордана Силјаноска-Давкова која ќе ги штити националните интереси и законите. Ќе ја штити правната држава и владеењето на правото, стои во неговиот Фејсбук статус.