Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на оваа партија, Владимир Нелоски и денеска се искачија на врвот на Водно.
Мицкоски и Нелоски го искористија убавото време и се искачија на планината Водно до Милениумскиот крст. Ваквата активност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ станува редовна пракса, тој слободното време од викендите често го користи за искачување до Водно.
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи протестен марш во Кичево.