(ФБ статус на Христијан Мицкоски)
Вечерва бев во Неготино каде многу видливо е разочарувањето во лицата на граѓаните, што од тешкиот живот и реалните проблеми, што од распродавањето на државата, нејзиното име и достоинство од страна на Заев и луѓето на власт.
Згора на тоа премиерот и министрите говорат за уставни амандамни кои ниту ги соопштија на јавноста, ниту со некого се консултираа, што укажува дека повторно нешто кријат отворајќи ја дилемата дали има нешто повеќе од тоа што го читаме во капитулантскиот договор, а се креие во уставните амандамни.
Бегаат од вистината, на секој можен начин сакаат да избегаат од дебата и дуел, а бегаат затоа што лагата и манипулациите стануваат нивно второ име. Стравот е во дворот на Владата и кај Зоран Заев, и затоа бега од ТВ дуел, затоа што таму ќе мора да објасни зошто овој договор е капитулантски, но ќе зборуваме и за сите оние криминали, лукративности, за лагите и се она што го ветуваа, а не го исполнија.
Зоране победи го стравот еднаш во животот и да излеземе на ТВ дуел, каде што ќе ги немаш на помош сите оние советници и скапо платени реклами кои треба да ја сокријат вистината. Ајде да дебатираме за Македонија!
Остави ги оние монтирани дебати што ги закажуваш неделава што следи на еден национален медиум, каде ти и заедно со твоите двајца потпретседатели Шекеринска и Османи ќе глумите ТВ дуел и ќе дебатирате за розевата манипулативна слика, така фингирајќи дебата.
Ајде на вистински ТВ дуел па граѓаните нека одлучат на 30 ти септември кој бил во право, моите принципи и вредности или твоите лаги и штетни политики.