– Законот за ратификација на договорот помеѓу Република Македонија и Грција од својата матична комисија, Комисијата за надворешни работи, надвор од сите процедури и закони беше префрлен во Комисијата за евроинтеграции. Тоа може да значи само едно, а тоа е повторно да им го ускрати правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ аргументирано да дебатираат околу законот и околу содржината на спогодбата, вели Мицкоски.
Вклучувањето на опозицијата требало да се вклучи многу порано пред да се прекрши Деловникот и да се заобиколи матичната комисија и да се заобиколи аргументирана парламентарна расправа.
– Сега имаме елементарно брутално кршење на законската процедура, доделување на европско знаменце и кратење на рокот без да ја слушнеме јавноста експертите да ги слушнеме они што мислат да потоа да се влезе во парламентарна процедура, истакна Мицкоски.
Според него, владејачкото мнозинство се однесува на девијантен начин што не доликува на Собрание во современа Европа. Пропагираат евопски вредноскти, а го ускратуваат правото на дебата.