Актуелно 22.06.2018 13:02

Мицкоски: Иванов има обврска да го штити Уставот, ВМРО-ДПМНЕ не ни помислува да поддржи импичмент

Мицкоски: Иванов има обврска да го штити Уставот, ВМРО-ДПМНЕ не ни помислува да поддржи импичмент

ВМРО-ДПМНЕ не ни помислува да поддржи постапка за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов, изјави вчера во гостувањето на телевизијата Алсат-М претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Изјавата на Заев беше дадена во конотација дека доколку одбие да го потпише Договорот, тогаш тие би покренале постапка за импичмент. Врз основа на одговорот вчера кој што го даде претседателот Иванов, и го повика веднаш, доколку цени дека треба повика, нека го повика тоа 2/3 мнозинство и нека ја отпочне постапката, рече Мицкоски.

Вели дека не само што нема 2/3 мнозинство, туку Заев се обидува грубо да манипулира и да лаже, но и да создава лажна надеж кај граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Иванов е повикан да го штити Уставот и неговна должност е да го заштити Уставот.

Според него, доколку Договорот е противуставен, а како што рече, тоа од авион се гледа, претседателот Иванов мора да постапи во насока на заштита на Уставот.

-ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не само што нема да поддржи, туку нема ни намера да размислува за такво нешто, рече Мицкоски, додавајќи дека е 100 отсто сигурен оти пратениците од неговата партија, но и од коалицијата нема да поддржат импичмент за претседателот Иванов.