Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и по моите корени и по она што ќе го оставам позади себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.
-Ние како партија сме кажале дека за идентитетските прашања не се преговара. Со самото тоа што они во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дала право да преговараат, подвлече Мицкоски и запраша:
„Кој му дава право на Заев или на Димитров да преговара за нешто што е веќе стекнато право“.
Мицкоски, меѓу другото, потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ, договорот со Грција е капитулантски и срамен.
-Тоа е прифаќање на сите грчки позиции, 100 проценти. Решението требаше да се бара во рамки на некои наши позиции, но ние капитулиравме и прифативме ултиматум. Можеби не можеше да биде 50-50, нека беше асимитреичен во наша загуба, но никако не смееше да биде 100-0. Имавме капитулантско водење преговори кои очекувано донесоа апсолутна катастрофа.