Актуелно 06.11.2018 13:47

Мицкоски ќе учествува на Конгресот на ЕПП и на Самитот на лидери на ЕПП

Мицкоски ќе учествува на Конгресот на ЕПП и на Самитот на лидери на ЕПП

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ денеска патува за Хелсинки каде што на 6, 7 и 8 ноември 2018 година, ќе учествува на Конгресот на Европската Народна Партија (EPP) на кој се бира кандидат за претседател на ЕК.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на престојниот Конгрес ќе учествува со 4 делегати со право на глас, предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Потпретседателот Александар Николоски, Секретарот за меѓународна политка Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на Претседателот, Тимчо Муцунски. Делегацијата ќе учествува и на Политичкото Собрание на ЕНП, информираат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе учествува и на Самитот на лидери на EPP на кој учествуваат премиери и шефови на опозиција од членките на ЕРР и на кој ќе оствари неколку работни средби и состаноци со негови колеги.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира своите партнери од ЕНП за актуелната економско-политичка ситуација во Македонија и драстичното назадување на сите полиња, вклучувајќи го и реформскиот процес. Акцентот ќе биде ставен на злоупотребата на институциите за политички прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од однародената и криминална власт се заради покривање на корупцијата и неспособноста кои Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди.