Актуелно 26.01.2019 18:40

Мицкоски на дебата на МТВ со новинарите од националните телевизии

Мицкоски на дебата на МТВ со новинарите од националните телевизии

МТВ во понеделник во 20.15 часот организира двочасовна дебата каде гостин ќе биде лидерот на опозицијата Христијан Мицкоки со новинари од националните телевизиски медиуми.

Се очекува да се разговара за економијата, за името, двојазичноста. Во центарот на вниманието ќе бидат изборите, претседателски и можните предвремени како и други актуелни прашања.

Во минатото Христијан Мицкоски два пати го повикуваше премиерот Заев на дебата, тој во двата наврата одбиваше да дебатира со Мицкоски.