Вчера вечер во Охрид светски познатиот диџеј Армин Ван Бурен направи фантастична забава за сладокусците на електронската музика. Потврда е претесниот простор на Билјанини извори каде можеа да се забележат лица од јавниот и политички живот.
Меѓу нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој меѓудругото беше во друштво со свои партиски соработници меѓу кој шефот на кабинет Златко Перински, претседателот на Унијата на млади сили Лука Кржалоски и членот на извршниот комитет Владимир Нелоски.
Армин Ван Бурен настапи како дел од овогодинешното издание на „Охрид Колинг“ кој е досега најуспешно фестивалско издание.
На првиот ден на навистина грандиозното шоу на „DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE“ присуствуваа повеќе од 10.000 посетители.