Актуелно 02.09.2018 09:47

Мицкоски на средба со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“

Мицкоски на средба со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со лидерите на политичките партии кои се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“. Главна тема на средбата беше претстојниот референдум и позициите на партиите во однос на ова прашање.

На работната средба доминирал ставот дека договорот потпишан во Нивици со соседна Република Грција е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета по повеќе основи. Со него се менува името на Република Македонија, Уставот, националниот идентитет, традицијата, историјата и културата. Со капитулантскиот договор на Заев не само што се брише македонскиот јазик и се откажува од Македонците надвор од границите на државата, Заев се откажува и од Македонците во границите на Република Македонија.

Коалициските партнери биле согласни дека ваквиот капитулантски договор потпишан од уценети политичари не може и не смее да биде покритие за општиот грабеж, расипништвото и хедонизмот на власта.

Државата доживува крах на сите полиња. Економијата е пред колапс, образованието и здравството се гушат во проблеми, а земјоделието пропаѓа. Единствено што функционира и што е организирано е криминалот на картелот на власт, кој не пропушта секоја јавна набавка да ја додели на фирми во сопственост или блиски до функционери на власта.

Од страна на Претседателот Мицкоски било истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активностите на терен со цел да го слушне гласот и волјата на членовите, активистите и граѓаните врз основа на која партијата ќе го донесе конечниот став по однос на референдумот.

Најнови вести