Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ вели дека иако од една страна се фалиме дека сме го заштитиле идентитетот и јазикот тоа експресно е демантирано од грчкото МНР кое ја отфрла придавката македонски, додека владата на Зоран Заев не регира во ниту еден момент.
– Имаме една ситуација каде сите велат македонски јазик и националност, а од друга страна имаме изјава односно демарш денес од министерството за надворешени работи на Грција кое што вели „силно апелираме до претседателот на владата дека ова не е македонска војска, туку е војска на Република Северна Македонија“. Тоа ли е зачувано достоинство? Или пак Ципрас кога ќе каже дека таму постојат северно Македонци и никој од Република Македонија нема да најде да ја демантира таа изјава. Дали е достоинство каде што е јазикот македонски, а притоа никој во свет не говори македонски со фуснота, а притоа никој од другите јужно словенски јазици немаат фуснота. Зошто кога Коѕсијас вели не постојат Македонци туку Северно Македонци никој не протестира или пушта демарш. Зошто кога светски спротски интернет портали не’ нарекуваат Северна Македонија па ние мора да пуштаме преку наши канали деманти па да поправаат после, вели Мицкоски.
Според Мицкоски, треба во животот темелно да се решаваат работите, а не егезбистионистички и дека секоја работа која е “криво насадена, криво ќе израсне“.
Мицкоски вели дека за жал овој таканаречен договор го има потпишано Република Грција со безимена држава и со министер кој себеси се идентификува како Никола Димитров, и држава која во тој договор не постои како име туку како бројка.