Актуелно,Економија 16.12.2018 15:48

Мицкоски: Не за бадијала ги зголемуваат даноците, наједноставниот начин им е да брцнат во џебовите на граѓаните

Мицкоски: Не за бадијала ги зголемуваат даноците, наједноставниот начин им е да брцнат во џебовите на граѓаните

Ветуваа 5 проценти раст на Бруто Домашниот Производ. Кога целиот регион книжи двојно поголеми стапки на раст од нашиот они се горди и велат еве со нашата пиши бриши економија успеавме да покачиме во еден квартал 3 проценти, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестниот марш во Велес.

Мицкоски запраша дали тука завршија сите ветувања од 5-те проценти раст на економијата.

-Но она што е полошо. Допрва доаѓа, а тоа ќе се случи во 2019-та година. Не го зборувам ова за да подгревам паника меѓу граѓаните туку да предупредам на сите црнила и темнини кои што допрва ни доаѓаат. Не за бадијала ги зголемуваат даноците. Затоа што се свесни дека не можат да ја зголемат економијата со проекти, визија и структурни реформи. Наједноставниот начин им е да брцнат во џебовите на граѓаните и да го наполнат помезниот буџет за да можат да си делат тендери во 4 очи. За да можат да крадат и пљачкаат, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.