Слушам за многу закани и уцени, од “животот“ кој дојде во Македонија, а пекол ни го направија секојдневието. Дојде време полошо од времето на комунистичка Југославија. Ако го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за анти Европеец, ќе те прогласат за неконструктивец, ќе те прогласат дека си изолациониста.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестниот марш во Кочани.
– Не, браќа и сестри, ние сме горди Македонци кои имаат право да се самоименуваат како Македонци, а државата за која се бореле нивните претци да си ја наречат Република Македонија. Никој тоа право не може да ни го земе. Никој не може тоа да ни го оспори. Ниту во Осмнлиско не било така како што е денеска. Сега ќе се јават оние армадили, платени со вашите жолтици, да ме критикуваат „Еве го овој, повторно го опструира процесот“. Да, ќе го опструирам и ќе се борам се додека можам затоа што ме боли и ме пече. Затоа што тое ми е дедовина, тоа ми е татковина и нема никогаш да престанам да се борам додека дишам за моите права и за мојата Македонија. И не се срамам затоа што сум Македонец, затоа што моите два сина се Македонци и затоа што моите неродени внуци ќе бидат Македонци. И тоа треба на целиот свет да му биде јасно, па макар било и крај на мојата политичка кариера, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани порача дека сите мора да бидеме горди Македонци.
-Ако кренете глава, што ќе видите? Црнила и темнина. Како Чашуле што велеше „како само за нас Македонците да се создадени сите црнила на овој век“. Тоа го кажа и Кочо Рацин во неговите зборови и стихови. Но она што беа стихови, она што беше наша историја, денеска оваа ненародна и криминална влада на СДСМ, предвбодена од аболираниот политичар, ни го претворија во реалност во која ние живееме. Ако се бориме, ако маршираме по улиците, ако протестираме-не апсат. Ако пишуваме на социјалните мрежи-ни влетуваат во домовите, ни прават претрес, не бламираат пред нашите родени деца. Тоа нема да им го заборавиме. Јас ви ветувам дека ќе дојде денот кога за сето тоа ќе се срамат и ќе одговараат пред судот на народот, порача Мицкоски.
Големиот број на насобрани граѓани побараа оставка од Владата предводена од Зоран Заев.