Генерално разговаравме за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за следните претседателски избори кои што треба да се случат на 21 април, разговаравме за сето она кое што е реалност во Република Македонија, за жал лоша реалност и за граѓаните на Република Македонија и за проопозиционите или опозиционите политичари, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вестите на телевизија Алфа директно од Брисел каде што тој заедно со делегација од ВМРО-ДПМНЕ е во работна посета.
Мицкоски посочи дека соговорниците ги запознал и со вистинска слика во Република Македонија, односно со вистинското лице на Зоран Заев и на владата на СДСМ.
Вистинското лице, лице кое што практично има една цел а тоа е како преку осветољубие да им се освети на неговите политички противници, вели Мицкоски.
Тој додаде дека средбите со европратениците ги искористил и за лобирање за конечно Република Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.
-Исто така ги искористив овие средби да лобирам да се трудам да ги убедам нашите партнери од сестринските партии со оние политичари со кои успеав да се состанам за да конечно Македонија добие вистински датум за отпочнување на преговори, а не како оној кој што беше минатата година кој што малкумина политичари или луѓе од клинтелистички причини блиски до власта ги славеа со чочеци по плоштадите низ Република Македонија, изјави Мицкоски.