Економија 27.04.2018 10:23

Мицкоски: Поради злоупотребите направени при покренување на обвинението за 27 април, најмалку што може Спасовски е да си даде оставка

Мицкоски: Поради злоупотребите направени при покренување на обвинението за 27 април, најмалку што може Спасовски е да си даде оставка

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на телевизија 21 се осврна и на настаните во Собранието од 27 април минатата година. Тој кажа дека е потребно овој случај да добие конечна разврска.

-Овој случај, каде луѓе се обвинети, не верувам дека ќе добие таков епилог каков што некој посакуваат да добие, бидејќи мислам дека врз основа на тоа што е презентирано на јавноста, а во консултација со правни експерти, неминовно крајот мора да биде поволен по тие луѓе кои што во овој момент се обвинети, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека да се почне со влегување со специјалци во домовите на пратениците, без тоа да се внимава дека тие луѓе се под имунитет, рано наутро, пред очите на нивните деца, а притоа да не водите сметка како и зошто тоа го правите, а притоа тие луѓе тогаш не беа ниту обвинети.

-Народниот правобранител јасно става во неговиот извештај дека е злоупотребена моќта, дека се злоупотребени институциите и гледаме дека се уште нема никаква одговорност. За тоа не треба судски спор за да имаме одговорност, тоа се решава со потпис на еден документ, се вика оставка и се депонира утрото кај премиерот, ако министерот или потпретседател на Владата одлучи да даде оставка, бидејќи тој е најповикан, тој раководи со Министерството за внатрешни работи, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека тука не треба да се чека судските власти да одлучат, дека тоа е предмет на морален чин.

-Дали тие луѓе кои што го направија ова дело, влегоа во домовите на пратениците, ги понижија јавно без притоа да им биде симнат имунитетот, ги држеа во притвори толку време и без притоа да имаат некакви реални докази, за да на крај дел од нив бидат пуштени без било какво обвинение, изјави Мицкоски.

Најнови вести