Остварив средба со пензионерите во Кичево. Велат дека се заборавени од власта. Над 300 илјади пензионери се измамени од Владата на Заев. Наместо покачување добија кратење. За поголеми пензии нема ниту збор. А ветуваа и повисоки пензии и подобар стандард, но ништо од тоа, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Пензионерите се измамени од Заев и оваа неправедна власт. Нема пари за пензионерите а има пари за црни тендери и луксузирање на власта. Тоа пензионерите нема да го простат. Претседателските избори се шанса да се испорача првата гласна опомена кон оваа власт. Пензионерите сум убеден дека ќе гласаат за правда и промени, за силна Македонија!, додава Мицкоски.