Граѓанската опција за Македонија е дел од коалицијата за подобра Македонија која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и денеска на покана на претседателот Стевче Јакимовски сум дел од овој состанок каде што претседателскиот кандидат и идниот претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова ќе се обиде да ја добие подрршката на ГРОМ, а јас ќе отидам чекор понатаму и ќе речам дека ќе ја добие поддршката од ГРОМ исто како што сум сигурен дека таа ќе биде идниот претседател на Македонија и на сите граѓани, ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вечерашната средба со ГРОМ.
-Кандидатот Гордана Силјановска претставува вистински концезуален претседателски кандидат на Македонците и на сите граѓани на Македонија. Сведоци сме како владејачкото мнозинство се препелка те лево те десно, па велат ќе има консезуален, па ќе нема, ова преминува во еден вид сапуница која ќе кулминира со деспотот Заев кој ќе биде нивен кандидат, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски за време на својата изјава ги коментираше и личните напади врз него од страна на владеачката СДСМ. На обвинувањата за непотизам Мицкоски одговори дека ова кога не би било трагично би било смешно имајќи ја во предвид епидемијата на оваа негативна општествена појава изминативе 2 години откако Заев седна во премиерската фотелја. Тој го коментираше и лично портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за кого посочи дека се препелка веќе два дена пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ изнесувајќи лаги.
Целото видео од изјавата на Мицкоски погледнете го во продолжение: