– Излегува владата и прави кампања која што наликува на изборна кампања и им вели на граѓаните вака: Нас не не бидува да направиме нова болница која што ќе ги исполнува европските стандарди кога ќе влеземе во ЕУ, ама затоа во ЕУ ќе имате бесплатно здравство. Излегува владата со кампања која што повторно наликува на изборна кампања и наместо на граѓаните да им каже кога ќе влеземе во ЕУ ќе направиме супер модерен универзитет кој што ќе биде во топ 100 на Шангајската ранг листа, она им вика не одете школувајте се надвор од Македонија, зошто бесплатно ќе биде школувањето во ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното негово гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 вести.
Според Мицкоски ова е иронија и погрешна стратегија која и се случува на Македонија и нејзините граѓани, а која се однесува на националното прашање, додавајќи дека Заев капитулацијата сака да ја претстави како лидерство а поразот како победа.
Сакате капитулацијата да ја претставите како лидерство, сакате поразот да го претставите како победа, а излегувате насмеан до уши и на граѓаните на Република Македонија им велите вака или така. Тоа е не прифатливо. Тоа не може сериозен лидер пред сопствениот народ така да го претставува. Сопствениот народ не треба да се манипулира беше дециден Мицкоски.