Лидерот на опозицијата, а воедно и претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата Анализа на телевизија 24 го потенцираше фактот дека ВМРО-ДПМНЕ активно работи на терен со цел решавање на реалните проблеми на граѓаните.
– Јас ви велам, јас работам континуирано на терен и работам на решавање на реалните проблеми на граѓаните во рамките на тоа што можам да им помогнам, а она што не можам да им помогна го собирам, формирам база на податоци и врз основа на тоа со соработниците со кои што соработувам внатре во партијата, но и надвор од партијата ќе се обидам на следните предвремени или редовни вие рековте парламентарни избори да понудиме решение на реалните проблеми, кажа Мицкоски.