Во вакви моменти си посакуваме да сме здрави и живи, посакуваме берикет за нашите семејства, за семејствата на сите Христијани од православна вероисповест кои го чествуваат овој ден. Многу успех, среќа до следната православна нова година, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вечерва Василица ја славеше во скопско Ѓорче Петров.
-Ова се моменти кога се присетуваме на тоа што се случувало во изминатата година. За жал, се случи тоа што граѓаните на Република Македонија најмалку го посакуваа. Граѓаните тоа си го кажаа на референдумот на 30-ти сеотември, ние како ВМРО-ДПМНЕ го кажавме нашиот став, нашиот став е јасен. Ние бевме, сме и ќе останеме против овие измени кои ни ги приреди владата на чело со Зоран Заев во еден процес кој што македонската јавност беше сведок на сите манипулации со судството, сите вликанија, уцени, закани, притисоци, промени, измени во “5 до 12“ за да се обезбеди глас повеќе. Помина како што помина во Парламентот. ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе стори се што е во наша моќ, за тоа што го изгуби Зоран Заев и владата на СДСМ, онаа честитост и чест кои ги изгубија и сите непријатни моменти кои му ги приредија на македонскиот народ, да ги врати назад и да ги подобри во позитивна насока, истакна Мицкоски во изјавата за 1ТВ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров порача дека василичарските огнови се традиција и момент кога православните Христијани го чествуваат овој ден на таков начин, одговарајќи на прашањето дали е во ред да се пали оган и по препораките за загадувањето.
-Не е во ред да им се ветува на граѓаните, како што тоа го правеше власта, дека само што ќе се промени власта ќе почне да дува алпски воздух. За да дишеме чист и квалитетен воздух потребни се мерки и политики кои што тоа ќе го направат, а не празни ветувања и играње на ниски страсти, како што тоа го правеше СДСМ. Многу скоро, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе излезе со програма и мерки како ќе обезбедиме квалитетен воздух за граѓаните. Не на начин како што тоа го правеше СДСМ дека “само што не си заминал режимот и веднаш ќе почне да дува алпски воздух“, туку со мерки и методологија која емпириски ќе ја докажеме пред граѓаните. Тоа е вистински и честит пристап на решавање на реалните проблеми на граѓаните. Инаку, во вакви чествувања на вакви големи денови, треба да гледаме момент кога граѓаните се собираат и кога си посакуваат убави желби. Една од тие желби е да се случат предвремени парламентарни избори, граѓаните да си ја вратат државата во свои раце. Ние не посакуваме избори за да добиеме функции, напротив, туку да ги казниме овие погрешни политики и лажни ветувања на СДСМ и ЗОран Заев во минатото, изјави Мицкоски за 1ТВ.