Актуелно 02.11.2018 00:01

Мицкоски: Заев ја силува демократијата и правдата и ја загуби честитоста

Мицкоски: Заев ја силува демократијата и правдата и ја загуби честитоста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Алсат-М телевизија кажа дека кога Зоран Заев видел дека договорот од Преспа на референдумот не им проаѓа, требал да направи чекор наназад да види како ќе функционира општеството понатаму, а не да продолжи на сила и да го турка овој процес.

– Знаете што е разлика помеѓу политичар и политикант? Ќе Ви дадам еден пример: Кога дојде на сцената предлогот за Илинденска Македонија, некаде на крајот на мај месец и тогаш му кажав на премиерот Зоран Заев немој ги рушиш позициите на Република Македонија во преговорите, ќе ти го одбијат тој предлог. Не ме послуша и излезе со јавна изјава, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа не било случај и со премиерот Зоран Заев кој не рекол „Извинете јас немам две третини, немам осумдесет пратеници“.

-Тој велеше имам 72 а за овие ќе видиме ќе тргуваме со правото и правдината. Што потоа се виде и на дело како показна вежба. Заев ја изгуби честитоста како единствена вредност, поентира Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа е разликата помеѓу политичар и политикант. Тој објасни дека Заев наместо да ја заштити јавноста од дополнителни поделби.

-Наместо да ги заштити политичарите, а не само себеси да се заштити и сите останати без разлика на нивната припадност, опозиција позиција и етничка припадност. Наместо Заев тоа да го направи да направи мир во општеството, за да може фокусот да се стави на реалните проблеми на граѓаните, тој се одлучил да ја силува демократијата правото и правдината во државата, истакна Мицкоски.