Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 8 септември 1991 година. Иако сакаат од власта да направат поистоветување тие се сосема два различни, спротивни еден од друг референдуми, порача Мицкоски на денешниот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Тој кажа дека ако референдумот во 1991 година беше за самостојна независна и суверена Република Македонија, овој сега е за токму спротивното, за промена на името и губење на Македонија таква каква што беше тогаш излгасана.
-И нека не гаат излуции од власта што значел успешен или помалку успешен референдум и да отвораат дебата без аргументи. Законот е јасен над 900 илјади гласачи кои треба да излезат и најмалку половината да гласаат потврдно за овој договор, тоа по закон претставува успешен референдум. И доколку излезат помалку тоа ќе значи дека овој договор не поминал, затоа што тоа не го вели Мицкоски, тоа го вели законот, а државата мора да почива на ред, поредок и закони, изјави Мицкоски. Воедно слушам и одредени сведоштва за притисоци, закани и уцени кои доаѓаат од структури на власта по секоја цена да се излезе и поддржи договорот. Како и информации за се почести средби на лица од власта со структури од криминалното подземје. Тоа ја покажува сета немоќ на власта и сета штетност на договорот кој сакаат на сила да го истуркаат. Така само создаваат уште поголем револт кај народот и пркост. Затоа што несмее да остане запишано дека како народ со сила сме го смениле името, сме се себепркстиле и сме ги прекрстиле нашите деца. Тоа нема да им успее, а власта треба да си ги прибере тие свои заканувачи бидејќи може не сега, но ви кажувам дека ќе дојде ден кога ќе се испорача цехот, и ќе биде побарана одговорност за сите вас јавачи на апокалипсата пред словото на законот, изјави Мицкоски.
Претседатекит на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека оваа атмосфера што се создава е само продолжение на она што го прави првиот човек на владата.
-Погледнете до каде дојде работа, прво среде Крива Паланка потикнуваше поткуп, демек бизнисмените да дале плата плус за да граѓаните да излезат на гласање за да си го сменат името на државата. Потоа го гледам на сред прес конференција ветува, се сили човекот, истиот оној кој пред изборите се колнеше дека платата ќе била 500 евра, дека сега ќе ја покачел социјалната помош за 2 илјади, 3 , 6 илјади денари. Нели тоа е потценување на граѓаните, па мисли ли дека за 2 илјади денари лажно ветување народот ќе си го продаде она што го наследил од предците, изјави Мицкоски.
Тој порача дека народото нема да се откаже од она што биле, Македонци во македонија. Тој побара од народото да не верува во лажни данајски подароци и кажа дека името е многу повеќе од парите на Зоран Заев.