Актуелно 13.10.2018 11:45

Михајловски по седницата на ИК: Притисоците остануваат, но ВМРО-ДПМНЕ останува единствена

Михајловски по седницата на ИК: Притисоците остануваат, но ВМРО-ДПМНЕ останува единствена

-За уставните измени има став, пратеничката група е целосно на една страна. За сега нема пазарања, притисоците остануваат. Разговараме за предвремените избори, за можни понатамошни проекции. Немаше ништо спектакуларно како што очекуваше јавноста, рече Михајловски.

На седницата најмногу станало збор за евентуалните предвремени избори при што дел од дискутантите зборувале за програмата што партијата ќе ја понуди. Многу помал дел од ИК зборувале за гласањето в понеделник кога ќе се гласа за потребата од промена на Уставот.