Актуелно 24.12.2018 21:01

Михајловски: Се враќа довербата на народот во ВМРО-ДПМНЕ

Михајловски: Се враќа довербата на народот во ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски како лидер ја врати довербата на народот во ВМРО-ДПМНЕ, вели Тони Михајловски во „Отворено на Алфа“.

-Се враќа довербата во ВМРО-ДПМНЕ на народот. Христијан Мицкоски како лидер донесе светлина во ВМРО-ДПМНЕ, ја реструктуираше целата партија. Тоа што се прават работи кои не им се допаѓаат на политичките противници значи дека партијата се движи во права насока. Големината на Мицкоски е тоа што нема никаква концесија кон никого, вели Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На народот му е потребен политичар кој ќе биде искрен кон него, додава Михајловски, а Мицкоски очигледно им пречи на многумина, оти сака да го задржи и зачува минатото.