Некогашниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, го искоментира разрешувањето од местото Претседател на УО на Македонска Филхармонија на Бранка Костиќ Марковиќ, од страна на министерот за култура.
-ГЛАВА БОЛИ ОД Т.Н. КАДРОВСКА ПОЛИТИКА
Директор побарал разрешување на претседателката на УО во една институција од културата! И министерот ја разрешил под итно на барање на директорот! Скандал кој не може да биде одмолчан. Кој и чиј грб стои зад оваа клиентелистичка афера? Зар министерот не бил предупреден од правниците во Министерството за култура дека одлуката е противзаконска и дека остава горчлив вкус во јавноста? Настрана што министерот го потпишал решението без да ја повика на разговор Бранка Костиќ. Министрите треба да го бранат јавниот интерес, а не партискиот. Тоа важи и за културата!, пишува Милчин.