Економија 07.06.2018 09:05

Mилијардер од Непал инвестира во Србија – Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија, владата нема јасна стратегија

Mилијардер од Непал инвестира во Србија – Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија, владата нема јасна стратегија

Непалскиот милијардер Бинод Чодри планира да инвестира во Србија во угостителство, трговијата со стока за широка потрошувачка или во банкарскиот сектор, објави Kurir.rs.
Неговата компанија CG korp. Global веќе има вложено во Србија, конкретно во Рума, каде во октомври минатата година отвори фабрика за производство на тестенини од брендот Wai Wai, вредна 9 милиони евра.

Оваа компанија е дел од глобалниот конгломерат CG korp. којшто има 122 компании и 76 брендови и работи во повеќе деловни области (инфраструктура, хотелска индустрија, банкарство, телефонија, прехранбена индустрија, цигари и пијалоци).

Инаку, лани Србија беше лидер во привлекување на инвестиции скоро 2 милијарди странски инвестиции влегоа во земјата. Имено, Србија го развива константно и ИТ секторот и моментално Србија е една од земјите со брзо растечки бизниси во овој сектор.

Македонија пред само една година беше лидер во привлекувањето на инвестиици и сите земји вклучувајќи ја и Србија која ги превземаа реформските политики во економскиот дел.

 

Според експертите Македонија праќа измешани сигнали на инвеститорите и нема јасна визија како да ја презентира земјата пред инвеститорите и затоа тие се се помалку присутни во земјата. Имено, во излагањата на владата и моменталниот економски тим води политика на прикажување на Македонија како земја со квалификувана и скапа работна сила додека премиерот дава сосема различни изјави за странски реномирани телевизии. Така премиерот за ББС го изјави следново:

– Трошоците за вработување на инженерите во Македонија се пониски од остатокот од Европа. Затоа што трошоците за живот се пониски отколку на пример во Велика Британија, вели Заев за Би-Би-Си.

Спротивно на тоа вице- премиерот Анѓушев кој е дел од економскиот тим на премиерот постојано во медиумите изјавува дека Македонија нема да биде презенитирана како земја со ефтина работна сила.


И додека регионот бележи рест на БДП како никогаш досега во 2017 Македонија годината ја заврши на 0 % раст на БДП и со почетно многу слаба реализација на капиталните инвестиции во првото четиримесечје 0д 2018 од под 11%. Експертите велат дека владата нема јасна визија и стратегија за водење на економијата и дека се праќаат измашани сигнали на инвеститорите. Земјата нема јасен таргет на привлекување на инвестиори ниту конкретни мерки за нивна реализација и затоа инвеститорите одат во соседните земји како Србија, Бугарија и слично.

Во минатото Македонија беше лидер во привлекување на странски инвестиции, некои дури тоа време го нарекуваат златното време на македонската економија во кое се отворија 180.000 работни места додека се отворија безброј фабрики по сите локални градови кои беа пред изумирање заради немање на економска и егзистенијална перспектива.

Денес состојбата е сосема различна, Македонија стана непожелна за странските инвеститореи и се помалку странски капитал влегува во Македонија со што губат и граѓаните и државата.

 

Најнови вести