Финансии 29.08.2018 14:13

Министерство за финансии: Поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

Министерство за финансии: Поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

Oсигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од 5 дена, сите измени кои ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна. Ова е предвидено со предлог-измените на Законот за супервизија на осигурување, кој вчера влезе во собраниска процедура. Целта на измените е заштита на правата на потрошувачите. Дополнително се зајакнува сигурноста и стабилноста на друштвата.

– Досегашното искуство во примената на Законот и најдобрите меѓународни практики покажаа дека предвидените стандарди за соодветност има потреба да се зајакнат од аспект на искуство, знаење, репутација и финансиски капацитет на акционерите и органите на давателите на осигурителни услуги. Со пропишаните измени дополнително се пропишуваат критериуми (fit and proper)  кои треба да ги исполнуваат лицата кои можат да станат акционери и членови на органите на управување и надзор во друштвата кои даваат услуги во областа на осигурувањето. Вакви критериуми за соодветност се пропишуваат и за овластените актуари, осигурителни брокери и застапниците во осигурувањето – потенцира Тевдовски во експозето за предлог измените на законот.

Од особена важност за осигурителната фела, поточно актуарската професија, е предложената измена во законот со која се предвидува нов концепт за полагање на испитот за актуар. Досегашниот електронски начин на полагање се покажа како неприменлив во пракса. Испитот за актуар сега ќе се полага писмено.

Најнови вести