Актуелно 23.04.2018 13:32

Министерството за финансии планира утре да се задолжи за нови 55 милиони евра, ова е второ задолжување овој месец

Министерството за финансии планира утре да се задолжи за нови 55 милиони евра, ова е второ задолжување овој месец

 

Владата и Министерството за финансии планираат утре да се задолжуваат за нови 55 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Министерството за финансии закажана е аукција на државни хартии од вредност во вкупен износ од 3.400.000.000 денари. Така за утре е закажана аукција на 30 годишни државни обврзници со девизна клаузула од 1.000.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2.400.000.000 денари. Оваа сума претворена во евра изнесува 55,2 милиони евра.

Ова е втор пат владата да се задолжи овој месец. На 03.04. 2018 година се задолжи за 29 милиони евра а само од почетокот на владеењето  за 1,6 милијарди евра и овој износ континуирано расте.

Нето долгот  изнесува 566 милиони евра  и исто така континуирано се зголемува а без притоа да има било какви конкретни проекти или капитални инвестиции кои би имале долгорочен ефект врз економијата.

Експертите предупредуваат дека со вакво темпо на задолжување македонската економија тоне посебно ако се земе фактот дека позајмените пари не се вложуваат во проекти кои би го забрзале растот на економијата би го поттикнале градежништвото кое е главен двигател на стопанството. Градежништвото постојано паѓа забележан е пад од 20 % додека капитални инвестиции или нема или се стопирани.

Експертите предупредуваат дека со вака лошите економски политики македонската економија нема изгледи да бележи голем раст оваа година и дека најзагрижувачки е фактот што енормните задолжувања не се насочени кои проекти кои се од стратешка важност за државата.

 

Поврзани вести

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.