Актуелно 04.07.2018 10:36

Министерството за финансии вртоглаво ги задолжува наредните генерации- Вчера Владата се задолжи за нови 10 милини евра

Министерството за финансии вртоглаво ги задолжува наредните генерации- Вчера Владата се задолжи за нови 10 милини евра

На официјалната страна на Министерството за финансии беше закажана аукција на државни хартии од вредност за трети овој месец . Се издадоа 12 месечни државни записи без девизна клаузула во вредност од 620.000.000 милиони денари или 10 милиони евра.

Државата константно се задолжува без конкретни вложувања во инфраструктури и капитални проекти кои ги оправдуваат ваквите енормни задолжувања. Експертите предупредуваат дека ако Владата продолжи со вакво темпо на задолжување а притоа нема проекти од капиталнo значење, економијата се води по многу опасен пат.

Нето задолжувањата се преку 300 милиони евра додека не е изграден ниту еден голем капитален проект. Овие пари ќе треба да ги враќаат граѓаните и идните генерации на Македонија со огромни камати па затоа е пожелно позајмените пари да се вложуваат во проекти кои ќе бидат од стратешка и долгорочна важност.

Владата потфрли во многу сегменти од економијата а капиталните вложувања се само еден од нив. Така реализацијата на капитални трошоци во буџетот за првите 5 месеци од 2018 година изнесуваат едвај 14 % што е катастрофално малку. Познавачите велат дека доколку се продолжи со вака слабото темпо на реализација на капитални проекти и капитални трошоци прашање е колку е реално да се очекува исполнување на проектираниот раст на БДП од 2,3 %.

Инаку, лани Владата го проектира растот на БДП за 2018 да биде 3,2 % но поради потфрлување во работењето на економскиот тим и катастрофалниот раст на БДП во првото тримесечје од само 0,1 % раст на БДП Светска банка и други реномирани институции го намалија растот на 2,3 %.