Министерството за образование и наука на 14 август годинава склучило договорво четири очи за набавка на учебници, во вредност од 2.4 милиони евра.
На системот за Јавни набавки има објавено договор во кој како договорен орган стои Министерство за образование и наука и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорот од 149.027.811.
Претходно објавивме дека Министерството за образование и наука склучило 27 договори во 4 очи и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од речиси 7,5 милиони евра.
Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.