Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел учествува на средба со неговите колеги од земјите членки на НАТО, на која главни теми се подготовките за Самитот на Алијансата во Хаг во јуни, зголемувањето на трошоците за одбраната, зајакнувањето на трансатлантскиот одбранбен индустриски капацитет, состојбата во Украина и руската кампања за дестабилизирачки активности.
Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, по што ќе следи церемонија на потпишување на Писма за намери и Меморандуми за разбирање за мултинационална соработка.
Работниот ручек на министерската средба ќе биде во форма на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кој ќе присуствуваат и украински министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас.
Вчера во пресрет на денешната министерска средба се одржа и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, чиј домаќин беше британскиот државен секретар за одбрана Џон Хили и на кој присуствуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, меѓу кои и Мисајловски, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и високата претставничка на ЕУ, Калас.
На прашањето од црногорскиот весник „Вијести“ дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е прак
Руте вчера на прес-конференција пред денешниот состанок, порача дека Алијансата има јасни планови како да ги заштити своите една милијарда жители, но немаме се што и е потребно за нивно целосно спроведување доколку тоа биде неопходно, па затоа треба да се постават нови амбициозни цели за зајакнување на одбраните капацитети што ќе овозможат одвраќање и одбрана.
Руте нагласи дека лани членките на НАТО од Европа и Канада инвестирале 485 милијарди американски долари во одбраната, што е за речиси 20 отсто зголемување во споредба со 2023 година, како и дека очекува уште поголеми одбранбени трошоци оваа година и дополнителни инвестиции за правична прераспределба на товарот за одбраната на Алијансата.
Според Руте, на заседание на Северноатлантскиот совет министрите ќе се фокусираат и на зајакнување на одбранбениот индустриски капацитет, вклучително и преку преку ажуриран Акциски план за одбранбено производство.
– Треба да отидеме подалеку и побрзо, рече Руте, нагласувајќи ја итната потреба од зголемување на производствени капацитети ширум Алијансата.
Рускиот претседател Владимир Путин знае дека ако го нападне НАТО ќе добие поразителна реакција за него и ќе изгуби, затоа нека не се обидува, изјави генералниот секретар на Алијансата Марк Ру
Тој најави дека дополнително на состанокот ќе се разговара за дестабилизирачките активности на Русија против сојузниците на НАТО, вклучително и преку саботажи, обиди за атентат и напади врз критична инфраструктура.
Клучна точка на агендата на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, ќе биде поддршката на Алијансата и нејзините земји членки за Киев.
– Сојузниците не само што ги исполнија своите ветувања. Тие и значително ги надминаа, рече Руте, потенцирајќи на дека ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон, сојузниците ветија дека во 2024 година на Украина ќе и дадат 40 милијарди евра одбранбена помош, а досега обезбедија над 50 милијарди евра, од кои над половина доаѓаат од европските земји и од Канада.
Инаку, од започнувањето на руската агресија врз Украина, земјава има донесено 15 одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на Украина во одбраната на нејзината независност и територијален суверенитет.