Актуелно 26.05.2026 14:06

Мицкоски: Договорот за „Стратешка соработка“ со Хрватска овозможува уште поголема економска соработка

Мицкоски: Договорот за „Стратешка соработка“ со Хрватска овозможува уште поголема економска соработка

Во моментов имаме избалансирани односи со Хрватска кога станува збор за Увоз – Извоз. Во 2025 година семе во благ плус за некои 10-тина милиони евра во таа трговска размена, очекувам тој потенцијал во годините кои што следат ќе се зголемува и токму тој договор за „Стратешка соработка“ овозможува механизми, таа соработка во иднина да биде уште поголема, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ.

Како позитивен и исклучително значаен пример за нас претставува одлуката на хрватскиот Сабор што ја донесе со измени во локалното законодавство а да им се овозможи на нашите транспортери долгорочни визи, рече Мицкоски.

-Исто така би сакал да хрватски Далековод е компанијата која што беше избрана за рестартирање на работите на интерконектирање на поврзување на висок напон со Албанија, така што навистина станува збор за навистина блиска соработка помеѓу двете држави со потенцијал да биде уште поголема таа економска соработка и токму ваквите договори се показател и начин кој што ние можеме таа соработка да ја правиме уште поголема, а ваквите билатерални средби, мојата прва посета како претседател на владата и посетата на г-динот Пленковиќ овде во Охрид е инспирација за нашите бизнис кругови да таа соработка ја зголемат и очекувам после оваа прес конференција на заедничкиот состанок ќе слушнеме многу креативни идеи и можности за продлабочување на таа билатерална економска соработка, додаде премиерот Мицкоски.