Економија 11.06.2026 12:49

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП.

-Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи, рече премиерот.