Актуелно,Мозаик 26.07.2018 13:01

„МКЦ за Скопје“ по повод 55 години од земјотресот

„МКЦ за Скопје“ по повод 55 години од земјотресот

Младински културен центар и оваа година со уметнички содржини се вклучува во одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес во 1963 година.

Традиционално насловена „МКЦ за Скопје“, манифестацијата ќе се одржи денеска, со почеток во 15.30 часот и програмата опфаќа филм, изложба и музика.

Во кино Фросина и на платото пред МКЦ ќе се емитуваат десетте епизоди од серијалот „Досие Скопје“, во галеријата ќе има изложба на старата и младата генерација македонски уметници, насловена „Ристарт“, додека музичкиот дел почнува во 21.30 часот.

На платото ќе настапат домашните имиња Александар Велики и Нати Фија СС, потоа музичарот од Гана Ајуна Суле и српскиот реге ветеран Немања Којиќ, кој настапува под името Хорсмен Којоти, инаку поранешен член на „Дел арно бенд“ и „Ајсбрн“.

Во исто време, во соработка со Црвен крст, ќе бидат поставени кутии за донација на настраданите во пожарите во Грција.