Доколку до 29 Март 2019 година, не биде донесен нов договор кој го урдеува авионскиот сообраќај меѓу Британија и ЕУ, Брисел се заканува дека ќе ги прекине сите летови, од и кон Британија. Официјалните представници на ЕУ добиле вакво соопштение од Брисел, во текот на преговорите, кое јасно предвидува што би се случило доколку нема постигнат договор.
Затворањето на небото им се заканува на илјадници резервации за одмор, како и на многу бизнис средби, со што би се уништило редовното рутинско патување и работење меѓу Британија и ЕУ, за прв пат по изгласувањето на БРЕКСИТ.
Високи личности во авионската индустрија предупредија дека не постојат шанси да се постигне договор во “последен момент”. Доколку преговорите за авио-сообраќајот пропаднат, а истите се дел од БРЕКСИТ, тогаш на 29 март 2019 година и дефинитивно мора да прекинат сите авионски линии меѓу Унијата и Британија.
Затворањето, исто така, би можело да го натера Ербас, најголем европски производител на авиони, да го прекине производството, бидејќи деловите направени во Велика Британија нема да бидат испорачани за производство на нови авиони. Приврзаниците на БРЕКСИТ го критикуваа Брисел за “опструирање” на разговорите, тврдејки дека Брисел го користи авио-сообраќајот како изговор за да го отежни излезот на Британија од ЕУ, односно да и направи што повеќе штета.