Мозаик 02.11.2018 15:38

Mожност за препродавање на авио билетите на други луѓе

Mожност за препродавање на авио билетите на други луѓе

Неможноста да се вратат авиобилетите во случај на откажување е нешто за кое авиокомпаниите трпат критики насекаде во светот.

Сега, компанијата „Ер Франс“ одлучи да ја исполни желбата на своите патници со воведување можност за пепродавање на билетите на други луѓе, пренесува „Танјуг“.

Иако оваа опција сè уште не е достапна, преку програма што ќе се вика „Флексфлај“ патниците на кои ќе им биде откажан летот во иднина ќе можат да го огласат својот билет онлајн.

Доколку некој го купи билетот, продавачот добива половина од износот назад, а другата половина оди за компанијата која на купувачот ќе му понуди попуст за следното патување. Во таков случај билетот би чинел 25 проценти помалку.

Оваа опција ќе можат да ја користат само патници кои својот билет го купиле директно од авиокомпанијата, а не од трета страна.

Најнови вести