Живот 17.12.2018 13:37

Мудри совети за жените: Неколку денови во самотија делуваат подобро отколку посета на скап спа-салон

Мудри совети за жените: Неколку денови во самотија делуваат подобро отколку посета на скап спа-салон
Woman traveling by boat at sunset among the islands.

Животот во секоја доба си има своја убавина. Животот си носи своја убавина и свои проблеми во секој период од животот.

Прочитајте ги овие кратки, но мудри совети за сите жени:

Без оглед на тоа колку била добра и фантастична забавата, направи се за да се разбудиш во твојата спална соба.

Помеѓу парче торта и кекс, секогаш изберете чаша вода.

Ако е полноќ, а вие мора да ја измиете косата, да се депилирате и слично – секогаш избирајте го сонот. Затоа што може да облечете фармерки и да ја фатите косата во репче. Но, ништо и никој не може да го замаскира уморното лице и лошото расположение. Секогаш бирајте сон.

Патувајте! Користете ја секоја прилика за тоа. Новите сознавања се добар начин за стекнувања искуства.

Пред да почнете да ја проценувате ситуацијата, секогаш морате прво да се запрашате: „Дали е ова моја работа?“ Потоа затворете уста и продолжете по својот пат.

Од кавгите не се раѓа вистината, само мигрена. Ќе заштедите и пари и нерви ако во вистинско време кажете: „Да, да, така е…“.

Неколку денови во самотија делуваат подобро отколку посета на скап спа-салон.

Ниту еден маж не вреди за да се пати по него во неудобни чевли.