Актуелно 28.02.2019 12:52

МВР ги повикува граѓаните да подигнат потврди со името Република Северна Македонија

МВР ги повикува граѓаните да подигнат потврди со името Република Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи  ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи ќе издава, односно веќе почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.

-Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции  за странци кои по било кој основ престојуваат во државата, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

-Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија, додаваат од МВР.