Актуелно 07.05.2018 12:45

МВР ќе  троши 243 илјади евра за топено сирење, млеко, јогурт, сирење и кашкавал

МВР ќе  троши 243 илјади евра за топено сирење, млеко, јогурт, сирење и кашкавал

 

Министерството за внатрешни работи има објавено оглaс на официјалната страна на Јавни Набавки. Имено, МВР планира да потроши 15.000.000 денари или 243 илјади евра за млечни производи.

Парите на граѓаните се трошат за Министерството за внатрешни работи да има богато и квалитетно  мени. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај нема плата од 30.000 денари МВР се расфрла со парите од граѓаните и прави неефективни трошоци.

Ова не е прв пат Министерствата и јавните институции да прават нарачки на стоки со високи цени заради сопствен луксуз. Така министерката Шекеринска трошеше илјадници евра за бадеми и лешници и морска храна.

Расипништвото очигледно е одлика на оваа влада каде ветуваа живот за сите но и тоа излезе една голема лага. Со СДСМ на власт Македонија е за некој мајка а за некој маќеа.

Најнови вести