Центарот за управување со кризи информира дека на барање на месното население од селата Танушевци, Брест и Малино маало, денес хеликоптер на АРМ достави потребни прехранбени и материјални средства на месното население во селата Танушевци, Брест и Малино маало.
Во активноста учествуваа припадници од АРМ и припадници на „Црвен Крст“.
Беше превезен товар од 1000 килограми во населените места Малино мало и Брест. Поради лошите временски услови (магла) во с. Танушевци не се однесени прехранбени и материјални средства на месното население.