Актуелно 24.08.2018 09:27

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и чекање до 30 минути. На останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација