Актуелно 09.12.2018 16:08

На листата на десетте најзагадени градови во Европа три се од Македонија

На листата на десетте најзагадени градови во Европа три се од Македонија

Цела Мекедонија се гуши во загаден воздух. Викендов мерните станици повторно покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички. Граѓаните од ден на ден се повеќе се револтирани поради неможноста на власта да се справи со еден од најголемите проблеми на државата.

Досегашните мерки што ги презема власта, не само што не се ефикасни, туку воопшто не функционираат.

Зголемената цена на дизел горивото, зелени, жолти, црвени налепници, скапи паркинг тарифи незначително ќе придонесат за намалување на загаденоста, туку и те како само дополнително ќе го оптеретат сиромашниот граѓанин.

Автомобилите не се главниот загадувачки фактор, поради фактот што за викенд сообраќајот е многу помал, а аерозагадувањето е се поголемо.

Главен и најголем причинител за ова енормно загадување се токму оџаците. Се додека начинот на загревање во домовите не се замени со гас и останати еколошки загревања, македонците ќе продолжат да се гушат.

На листата на десетте најзагадени градови во Европа три се од Македонија

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на листата на десетте најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три се од Македонија – Скопје, Тетово и Битола, следи  Тузла (Босна и Херцеговина) и Плевља (Црна Гора).