Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од Македонија е од 15 до 20 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација