Актуелно 14.11.2018 22:27

Најчевска: Вината за бегството не е кај Орбан и Груевски, туку кај власта

Најчевска: Вината за бегството не е кај Орбан и Груевски, туку кај власта

Професорката Мирјана Најчевска во емисијата Топ тема на Телма, вината за бегството на Никола Груевски во Унгарија не ја гледа кај Орбан и Груевски, туку истата ја гледа во институциите кои овозможиле тој да ја напушти државата.

Професорката констатира дека политичката состојба во Република Македонија е таква што се уште нема политичка зрелост од страна на политичарите да понесат одговорност за институциите кои ги раководат.

– Се уште нема никој кој што ќе презеде дел од одговорноста на институцијата со која раководи, која пак не спречи Груевски да си замине.

Начевска инсистира вината да се бара кај одговорните кои направиле пропуст, односно кај институциите кои не го спречиле заминувањето на поранешниот премиер.

– Не е крив Груевски не е крив Орбан, криви се институциите кои овозможиле да ја напушти државата, вели професорката Најчевска.