Актуелно 19.09.2018 17:03

Трипуновски: Николовски треба да преземе одговорност за дезинформациите за кочанскиот ориз

Трипуновски: Николовски треба да преземе одговорност за дезинформациите за кочанскиот ориз

Власта на СДСМ  продолжува да ги понижува македонските земјоделци. Последни на удар на криминалниот картел на власта се најдоа производителите на ориз, вели Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

-Пред околу месец дена Агенцијата за храна,а веднаш потоа и Државниот инспекторат за земјоделство излегоа со став и информација дека наводно во Македонија е произведен и се продава ГМО ориз. Без да се направат конечните анализи дека навистина се работи за ГМО тие посочија дека  станува збор генетски модификација произведена во кочанско. И откако ја направија штетата, сега излегуваат со информација дека според  суперанализата кои што се направени оризот не бил генетски модифициран. Со ваквата постапка Агенцијата за храна и Државниот инспекторат за земјоделство им нанесоа штета на производителите на ориз од кочанско.  И покрај  така тешкиот пласман на оризот од ланската реколта кој стои неоткупен и додека трае жетвата на годинешната реколта се нанесе огромна штета на земјоделците и воопшто на пласманот на кочански ориз како бренд. Овој потег на  власта создаде страв и паника кај граѓаните  да престанат да купуваат кочански ориз, и поради тоа значително да се намали продажбата односно откупот на оризот во Република Македонија. Тоа е ништо друго освен директен удар по џебот на македонскиот земјоделец, вели Трипуновски.

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали ваквиот чекор беше заради одредена нарачка и профит на бизнис кругови блиски  до власта  кои се увозници на ориз?

-Дали СДСМ отвора пат за поголема заработка на свои бизнис кругови на сметка на македонските земјоделци кои произведуваат ориз во Република Македонија,а  воедно мака мачат со продажбата од овогодинешната реколта не само поради ниските цени туку и поради откупот кој што го нема? За овој несериозен потег со кој се наштети на македонскиот земјоделец и брендот Кочански ориз мора да се понесе одговорност.  Одговорност мора има од директорите на Агенцијата за храна и Државниот инспекторат за земјоделство, неминовно е и одговорност мора да понеси министерот Љупчо Николовски и крајно време е да си поднесе оставка, пред целосно да го опустоши македонското земјоделие. Со СДСМ земјоделието е на колена. Криза со пласманот имаше и со градинарските производи и со пласманот на праски, лубеници, сливи, пченица, а сега власта создаде криза и со откупот на ориз. Овој хаос во македонското земјоделие не смее да продолжи. Земјоделците повеќе не смее да бидат понижувани и омаловажувани. СДСМ покажа дека не знае и не може да се грижи за македонското земјоделие. СДСМ мора да си замине, за македонскиот земјоделец да почне да напредува, истакна тој.