Две лица загинаа, а деветмина се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов.
Полицијата го идентификува напаѓачот. Тој е 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.
Според очевидци напаѓачот откако изгубил на една од игрите отворил оган врз учесниците на турнирот, а пота се самоубил.
На местото на инцидентот пронајден е еден пиштол.
Турнирот во играње видео игри „Madden NFL 2019“ беше пренесуван во живо преку интернет, а откако се слушнаа истрели, преносот е прекинат.
Претходно, американските медиуми објавија дека при нападот во Џексонвил загинале четири лица, а седум се повредени.