Актуелно 22.08.2018 15:40

Најскапото кафе на светот ќе се служи во Владата, еве колку ќе чини кафето на Заев

Најскапото кафе на светот ќе се служи во Владата, еве колку ќе чини кафето на Заев

Владата ќе потроши неверојатни 2.700.000 денари односно околу 45 илјади евра на кафе.

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на кафе еспресо, филтер, кафе и капучино.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија неодамна распиша тендер  и за  хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа. Владата за набавка на цвеќиња планира да потроши 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

Најнови вести