Вчера во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24 гостуваа универзитетскиот професор и поранешен министер Трајко Савески, универзитетскиот професор и актуелниот економски советник Ванчо Узунов и економскиот аналитичар Слободан Најдовски, Имено во емисијата се дискутираа повеќе теми како пуштањето на автопатот Демир Капија- Смоквица , ребалансот на буџетот и прогресивното оданочување.
Имено, во емисијата беше најавено дека ВМДО ДПМНЕ ја започна изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквивица огромен капитален проект додека СДСМ ја сечеше лентата.
Актуелниот советник во владата истакна дека овој автопат е од големо стратешко значење поради фактот дека претставуваше тесно грло и дека сега со изграба на овој автопат Македонија доби голем проект бидејќи овој коридор е многу значаен за Македонија бидејќи има поврзаност Север -Југ.
Најдовски истакна дека секоја изградба на нов пат има позитивен ефект за развој на економијата посебно вложување во инфраструктурата или таканаречените капитални инвестиции кои имаат долгорочен поврат врз економијата.
Трајко Славески истакна дека овој автопат е сериозна инвестиција од 28 км автопат и дека овој автопат е гордост за Македонија и преставува национално богатство. Славески кажа дека овој е најкомплексниот дел од автопатот и дека со изграбата на ова парче Македонија доби автопат во вистинска смисла на зборот. Славевски на прашање дали ВМРО ДПМНЕ треба да се чувствува горда за изградба на овој автопат Славески кажа:
-„Не беше едноставно не беше воопшто лесно , прво да се обезбедат финансиски средства. Само да потсетам ние се надевавме односно имаше ветување од Грција во оној план за обнова на Балканот дека 50 милиони евра тие ќе донираат за автопат. Ние уште од 2007 година оценивме дека од тоа нема ништо да биде како и многупати во минатото од нивниот однос кон Република Македонија, јас како министер за финансии тогаш имав една изјава дека ние и без Грците ќе го изградиме автопатот. Се затвори финансиската конструкција со пари од Европска инвестициска банка од буџетски средства но факт е дека овој автопат се изгради и е дел од националното богатство на Македонија “
Исто така се коментираше состојбата со ребалансот на буџетот и изјавата на премиерот Зоран Заев дека оваа година доколку се реализираат 65 % од планираните инвестиции Македонија е на добар пат.
Славески потенцирање дека сега летвата за инвестиции и за раст е спуштена и дека тоа не е добар знак. Тој кажа дека најверојатно тој песимизам и спуштање на очекувањата е резултат на слабиот старт на реализирани капитални инвестиции. Професорот кажа дека останува да видиме дали ќе се оствари и оној раст кој го ревидираше и Светска Банка и ММФ од 3, 2 % на 2, 8 %.
Славески истакна:
-„Неслучајно истакнати и реномирани меѓународни институции како ММФ и Светска банка ја намалија очекуваната стапка на раст на Република Македонија веројатно имаат нешто да кажат со тоа. Намалувањето на степенот на реализација на капиталните инвестиции во секој случај може во таа формула за растот да влијае за неостварување на проектираната стапка на раст“.