Актуелно 20.01.2019 14:52

Наместо укинување на економски директори и управните одбори, Клинички стана распад систем?!

Наместо укинување на економски директори и управните одбори, Клинички стана распад систем?!

Министерството за здравство и клиниките се дом за вдомување на партиски кадри. Ова е реалното мислење на јавноста за овој сектор.

Пред доаѓање на власт, СДСМ ветуваше дека ќе се реши прашањето за економските директори по клиниките, ќе се врати единствениот Клинички центар во којкКлиниките ќе бидат функционално поврзани и ќе се решат одборите.

По нивното стапување и преземање на Министерството за здравство се изготви и усогласен стратешки план за 2018-2020 година, каде на 67-ма страна постои графа за финансиски одржлив систем на здравствена заштита каде што се наведува :

-Враќање на единствениот Клинички Центар во кој Клиниките ќе бидат функционално поврзани укинување на економските директори и Управните одбори во постоечките 27 универзитетски Клиники кои беа само финансиски товар.
-Формирана е работна група во министерството, со цел да се направи анализа на состојбата и да се подготват следни чекори. (др Сузана Маневска.

Работната група во министерството да се формира со цел за да се направи анализа на самата состојба во секторот, остана анонимна. Не се појави во јавноста кои се членуваат во оваа група и кои ќе се нивните надлежности и колкава плата за таа функција ќе земаат.

За ова, Министерството за здравство имаше подготвено законски измени минатата година и беа ставени на дневен ред на 67-ма седница на Владата како 38-ма точка од дневниот ред. Во текот на седницата точката беше повлечена од дневен ред.

Во Здравствен дом Скопје, Институтот за трансфузиона медицина, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Институтот за медицина на трудот, Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Клиниката за ревматологија и на Клиниката за детски болести, не беа разрешени организациските директори, кои се од редовите на ДУИ, а се на позиција вршители на должност.

Неразрешени останаа и вторите директори од Институтот за радиологија, од клиниките: Ендокринологија, Хематологија, Дерматологија, Детска хирургија, Психијатрија, Кардиологија и Инфективна клиника. Овие економски директори се именувани од претходната влада со мандат до август 2020-та година.

Екс-министерот Таравари укинувањето на двојните директори го објасни со потребата од рационално трошење во здравството, бидејќи клиниките се со долгови од над 50.000 евра, а за плати на овие директори се издвојувале суми од 1.000 до 1.500 евра. Тој тогаш кажа дека парите што одат за плати и придонеси на економските директори, ќе ги искористат за да ги наградат најуспешните доктори.

По доаѓањето на Филипче на место на Таравари, ништо не презема за укинување на економските директори туку тогаш се поставија уште неколку со сомнителни досиеја и матно минато. Но исто така се ставаше и знак прашалник на нивното соодветно образование.

Прашањето останува сепак отворено: Дали оваа позиција “економски директор“ останува како работно место за сместување на свои партиски луѓе, односно задоволување на апетитите на власта која пред да дојде на функција ветуваше дека истите ќе ги укине?