Актуелно 27.09.2018 23:37

Народен правобранител: Бесплатни телефонски линии за повреда на гласачкото право

Народен правобранител: Бесплатни телефонски линии за повреда на гласачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела, 30 септември, на денот на одржување на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви:Тетово 044 344-082, Струмица 034 329 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител во денешното соопштение до медиумите потсетува на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување, и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.

Народниот правобранител, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават. 

Најнови вести